Раководител на Сектор за Европска унија

Фросина Тасевска

Контакт: централа: 3116648, локал: 220

e-mail: ftasevska@mjustice.gov.mk

Стекнувањето на статус кандидат на Република Македонија, укинувањето на визниот режим, како и позитивната препорака на Европската комисија за отпочнување на пристапни преговори со ЕУ, се придобивките од напорите кои беа направени досега во процесот на пристапување во ЕУ, додека започнувањето на преговорите со Европската унија се следниот чекор кои ќе ја доближат нашата држава до големото европско семејство.

Следејќи ја стратешката определба на Република Македонија, за членство во Европската унија, Министерството за правда, во делот на Правосудството и фундаменталните права, активно спроведува политики и мерки во насока на во обезбедување на функционален и ефикасен пристап до правдата и втемелување на принципот на владеење на правото, врз основа на европските правни стандарди.

Министерството за правда, како носител на приоритетите во делот на Правосудството и фундаменталните права, континуирано превзема активности за координација и спроведување на обврските кои произлегуваат од Спогодбата за стабилизација и асоцијација предвидени во Глава VII правда и внатрешни работи, како и имплементација на приоритетите од Европското партнерство од Поглавје 23 Правосудство и фундаментални права.

Министерството за правда, континуирано учествува на состаноците на Советот за стабилизација и асоцијација, Комитетот за стабилизација и асоцијација и Поткомитетот за правда, слобода и безбедност, на кои преку непосредни комуникации и взаемен дијалог со надлежни претставници од Европската комисија, на кои се презентира прогресот во реализација на законодавните и институционалните активности во делот на реформата на правосудството, анти - корупциската политика и човековите права.

Министерството за правда, како носител на Поглавјето 23 Правосудство и фундаментални права, врши координација на работата на Работната група за Поглавјето 23 за подготовка на Националната програма за усвојување на правото на Европската унија и подготовка на преговарачките позиции за преговори за членство во Европската унија (Судство, Антикорупциска политика и Фундаментални права). Работната група за Поглавјето 23 е составена од претставници од правосудните институции и други релевантни надлежни институции, и одржува редовни месечни состаноци. Исто така, во рамки на своите надлежности Раководителот на работната група учествува на состаноците на Рaботниот комитет за европска интеграција.

Министерството за правда во рамки на своите активности за приближување, примена и спроведување на правото на ЕУ и обврските за последователна надградба на административната структура, ефикасно, ја користи помошта од Инструментот за техничка помош за размена на информации – TAIEX преку реализација на работилници, експертски мисии и студиски посети.

Работите од делокругот на Секторот се извршуваат преку:

 
 
Архива на новости
 

 

 

-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk