Правосуден испит

Правосудниот испит се полага во пет испитни сесии и тоа: февруарска, априлска, јунска, октомвриска и декемвриска.

Испитот се пријавува од 1-ви до 15-ти јануари, март, мај, септември и ноември.

 Кандидатот кој го започнал полагањето на еден од испитите, потребно е целосно теоретскиот дел да го положи во три последователни испитни сесии.

Откако кандидатот ќе ги положи сите испити од теоретскиот дел има право да ги полага студиите на случај, кои кандидатот треба да ги положи во две последователни испитни сесии откако стекнал право да полага студија на случај.

Доколку кандидатот не ги положи сите испити во една испитна сесија тогаш за секоја наредна испитна сесија кандидатот поднесува Барање за полагање на правосудниот испит до архивата на Министерството за правда.

 

УПЛАТА НА ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ

Уплатата за полагање на правосудниот испит се врши еднаш и се доставува со останатите документи до архивата на Министерството за правда, кога испитот се пријавува за прв пат. За секое наредно пријавување на дел од испитите, не се уплатуваат средства.