Испит за медијатор

Испитот за медијатори можат да го полагаат лица кои до Одборот за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите на медијацијата доставиле пријава за полагање на испит во која читливо ќе бидат наведени личните податоци, точната адреса, број на телефон (мобилен, домашен или од работното место), единствен матичен број, со уплатница (образец ПП/50) за уплатени парични средства за административна такса во износ од 50,00 денари, назив на примачот  -Буџет на Република Македонија, банка на примачот - Народна банка на Република Македонија, трезорска сметка на Народна банка на Република Македонија бр. 1 000 000 000 63 095, уплатна сметка 840***03161 (трите ѕвездички се однесуваат на шифрата на општината во која подносителот е жител), приходна шифра  72 23 13, програма 00 заедно со доказ за:
завршено високо образование VII/I или 300 кредити според Европскиот кредит трансфер  систем (ЕКТС) во Република  Македонија  или  решение  за  признавање  на соодветна високообразовна квалификација стекната во странство издадено од Министерството на образование и наука; 
завршена обука според акредитирана програма за обука на медијатори од најмалку 70 часа во Република Македонија, односно странство, или решение за признавање на соодветна обука завршена во странство донесено од Одборот; 
најмалку три години работно искуство по дипломирањето; 
проследени најмалку четири постапки за медијација спроведени од медијатор за што е издадена потврда од медијатор поткрепена заедно со извод од Регистарот за евиденција на постапките за медијација за соодветните постапки; 
спроведен психолошки тест и тест на интегритет издаден од лиценцирано стручно лице; 
уверение за државјанство на Република Македонија и 
најмалку пет препораки од лица кои професионално го познаваат апликантот. 
Уплатницa на образец ПП/50 со следните податоци:
o цел на дознака-  полагање на испит за медијатор;
o назив на примачот- Министерство за правда;
o банка на примачот-НБРМ;
o сметка - 100000000063095;
o износ - 9.000,00 денари;
o сметка на буџетски корисник- 070010014063112;
o приходна шифра и програма – 723013-10.
 
Лицата кои до денот на влегувањето во сила Законот за медијација („Службен весник на РМ“ бр. 188/13, 148/15, 192/15 и 55/16), завршиле обука за медијатори, согласно Законот за медијација (,,Службен весник на РМ“ бр.60/06, 22/07 и 114/09) и Правилникот за начинот и постапката на спроведување на обука за медијатори како и лицата кои имаат завршено обука за медијатори („Службен весник на Република Македонија”број 12/11) исто така подлежат на постапката за лиценцирање, за што треба да поднесат пријава за полагање на испит во која читливо ќе бидат наведени личните податоци, точната адреса, број на телефон (мобилен, домашен или од работното место), единствен матичен број, со уплатница (образец ПП/50) за уплатени парични средства за административна такса во износ од 50,00 денари, назив на примачот  -Буџет на Република Македонија, банка на примачот - Народна банка на Република Македонија, трезорска сметка на Народна банка на Република Македонија бр. 1 000 000 000 63 095, уплатна сметка 840***03161 (трите ѕвездички се однесуваат на шифрата на општината во која подносителот е жител), приходна шифра  72 23 13, програма 00 заедно со доказ за:
спроведен психолошки тест и тест на интегритет издаден од лиценцирано стручно лице; 
уверение за државјанство на Република Македонија и 
најмалку пет препораки од лица кои професионално го познаваат апликантот. 
Уплатницa на образец ПП/50 со следните податоци:
o цел на дознака-  полагање на испит за медијатор;
o назив на примачот- Министерство за правда;
o банка на примачот-НБРМ;
o сметка - 100000000063095;
o износ - 9.000,00 денари;
o сметка на буџетски корисник- 070010014063112;
o приходна шифра и програма – 723013-10.