Испит за извршители

Испитот се полага во февруарска, јунска, октомвриска и декемвриска испитна сесија. Пријавувањето за испитот се врши во периодот од први до петнаесетти во месецот кој претходи на месецот во кој се одржува испитната сесија (јануари, мај, септември и ноември).

 На кандидатот на кој му е одобрено барањето за полагање на испитот му се определува времето и местото за полагање на испитот.