Испити

Почитувани,

Поради настанатата состојба со коронавирусот и  препораките на Владата на Република Северна Македонија,  Министерството за правда  ги известува сите кандидати за полагање на испитите кои тоа ги организира:

1.правосуден испит

2 нотарски испит

3 испит за извршители

4 испит за вештаци

5 испит за постојани судски преведувачи

6 испит за медијатори

 

дека пријавувањето и одржувањето на испитите се одлага на неопределено време, односно  до престанок на важење на мерките за справување со епидемијата.

Министерството за правда за термините за одржување на испитите дополнително ќе информира на веб страницата на Министерството.

 

Со почит,

Министерство за правда