Државен секретар
img

 М-р Фатон Сељами е роден во 14.11.1984 година во Тетово. Оженет, татко на три деца. Стапи на функцијата Државен секретар во Министерството за правда во декември 2018 година. 

 

Образование и обуки:  

Во јуни 2007 година ги завршил додипломските студии (4 годишни) на Правниот Факултет при “Државниот Универзитет во Тетово” – Тетово.  

Постдипломските студии ги завршил во јуни 2013 година на Универзитетот на ЈИЕ во Тетово со одбрана на магистерскиот труд на тема „Правна заштита на правата на потрошувачите во Република Македонија од 1991 до 2010 година“ со што се стекна со назив Магистер по правни науки.  

Во декември 2012 година го положил Правосудниот испит.

 

 

  • 13.03.2018 - Се стекна со APTIS General – Listening&Reading Test Package, CEFR Grade “C” - меѓународно признат сертификат за успешно положен испит за познавање на англискиот јазик на највисокото ниво Ц“ – издаден од страна на BRITISH COUNCIL MACEDONIA;
  • 07.02.2018 – Се стекна со Потврда за завршена обука за користење компјутерски програми за канцелариско работење и тоа: Ms Office (Word, Excel, Power Point, Internet Explorer etc.) издаден од страна на Центар за курсеви и обуки “Neting School”- Тетово;
  • Во текот на 2010 - 2011 година, успешно ги заврши Legal English 1, 2 и 3 степен по англиски јазик;
  • 19.01.2008-Се стекна соAdvanced Level Certificate in English (ALCE ™) доделена од Center for Applied Linguistic and Language studies на  Hellenic American University;
  • 28.09.2006 Се стекна соПризнание за успешно завршена обука за “Слободен пристап до информации” доделена од здружението на граѓани “Про Медиа” од Скопје а финансирано од Набљудувачката мисија на ОБСЕ – Скопје;
  • 18.01.2005 - Се стекна со Сертификат за успешно завршена девет месечна обука за “Јавна администрација”  (каде бил избран меѓу пет најуспешни курсисти од вкупно 600 учесници), доделена од PACE Програмата за обучување на службеници за јавна и државна администрација, Европската агенција за реконструкција и Cabinet office на Кралството на Велика Британија, и др.
Работно искуство:

 Првото вработување му било во фебруари 2005 година, какопомлад референт во Агенцијата за информации на Република Македонија.

Од јуни 2006 година до септември 2008 година, работел како помлад референт во Стручната служба на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на Република Македонија.

Во месец октомври 2008 година, се вработил како помлад соработник во Стручната служба на Народниот правобранител на Република Македонија во Скопје, а во месец октомври 2018 година се стекнал со звање “раководител на одделение“ во истоимената институција.

Од декември 2018 година, по завршување на постапката за трансфер и превземање, преминува во Министерство за правда на Република Македонија.

Учесник во научни конференции:

 Учествувал во голем број на семинари и работилници во текот на досегашното работно искуство.


Објавени книги и трудови:

 Автор е на неколку авторски текстови објавени во пишаните и електронски медиуми.