Министерот Blerim Bexheti учествуваше на годишното собрание на Нотарската комора на Република Македонија  
     
 

30.03.2013

 
 

По повод 15 години од постоењето на Нотаријатот во Македонија, министерот Bexheti се обрати пред присутните и посочи дека функционирањето на Нотаријатот во Република Македонија се има позитивно одразено врз целокупниот правен систем во државата, и додаде дека ги смета нотарите како носители на јавна служба кои обезбедуваат висок степен на правна сигурност во правосудниот систем на оваа држава.

„Од востанувањето на Нотаријатот до денес, Министерството за правда во континуитет презема мерки и активности во насока на подобрување и усовршување на законската регулатива со која се уредува нотаријатот во Република Македонија, со цел да го изгради Нотаријатот во една современа јавна служба која во целост ќе ги задоволува потребите и правните интереси на граѓаните и другите правни субјекти“, изјави Bexheti.

„Успешноста и позитивните резултати од примената и практикувањето на нотарската служба во правниот живот ја зголеми довербата во нотаријатот и даде силен импулс за продлабочување на реформскиот процес во правосудниот систем преку зголемување на надлежностите на нотарите“, продолжи Bexheti.

Тој додаде дека во оваа насока беше и донесен Законот за вонпарнична постапка со кој што им се овозможи на нотарите да постапуваат како повереници на судот во однос на оставинските предмети кои не се спорни. Со овој закон, процентот на правосилно решени предмети за тековната 2012 година изнесуваше 71%, што покажува успешност во решените оставински предмети. Дополнително, со измените и дополнувањата на Законот за извршување, донесувањето на решенијата врз основа на веродостојни исправи е пренесено во надлежност на нотарите.

Bexheti зборуваше и за најновото право и обрска на нотарите, согласно Законот за задолжница, да ја составуваат и заверуваат задолжницата како потврдена приватна исправа со која должникот дава согласност побарувањето на доверителот назначено во задолжницата присилно да се наплати од сите расположливи средства на должникот кај носителите на платниот промет.

На крајот од своето обраќање, Bexheti им посака успешна работа на присутните и најави дека во Министерството за правда се подготвуваат измени за  донесување на нов Закон за нотаријатот, со кои ќе се пропишат одредби во насока на подобрување на нотарската служба.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk