Белград, Р. Србија - Министерот Blerim Bexheti учествуваше на Регионалната конференција на министрите за правда и внатрешни работи  
     
 

12.04.2013

 
 

На 11 и 12 април 2013 година, министерот за правда Blerim Bexheti учествуваше на Регионалната конференција на министрите за правда и  внатрешни работи, на тема “Борбата против организиран криминал и корупција и судската соработка во Југоисточна Европа.“

Министерот Bexheti на оваа конференција истакна дека Република Македонија ги следи новите трендови во борбата против организираниот криминал, при што нагласи дека правната рамка и практичното делување и соработка меѓу надлежните државни органи  на државите во регионот е од пресудно значење во борбата против сѐ пософистицираните форми на криминалитет.

Во рамките на конференцијата, министрите за правда го потпишаа писмото за намера за идно потпишување и ратификација на Регионалната конвенција за надлежност и заемно признавање и извршување на пресуди во граѓански и трговски предмети.

Bexheti исто така истакна дека со пристапувањето кон Регионалната конвенција Лугано, ќе се подобри правосудната соработка во областа на граѓанското и трговското право во државите потписнички, со тоа што ќе се воспостават униформни правила за меѓународните јурисдикции на судовите, ќе се олесни признавањето и воведувањето на брза постапка за извршување на пресуди, веродостојни исправи и судски порамнувања.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk