Министерот Маневски на средба со членови на Венецијанската комисија при СЕ  
     
 

06.03.2007

 
 

Министерот за правда Михајло Маневски денеска се сретна со делегација на Венецијанската комисија при Советот на Европа предводена од Ханс Хеинрих Вогел.

На средбата, стана збор за текстот на работната верзија на законот за правната положба на црква, верска заедница и религиозна група, во очекување на извештајот и официјалните коментари кои би требало да ги изготви Венецијанската комисија и да ги достави до Владата на Република Македонија.

Министерот Маневски ги запозна членовите на Комисијата со намерите на Владата на Република Македонија што е можно поскоро донесување на законот, притоа објаснувајќи ги причините и целите за неговото донесување.

Предложените решенија во работната верзија на законот се во насока на вградување на меѓународните норми и стандарди во прилог на заштита и овозможување на верските права и слободи, како и регулирање на материјата на правниот статус и формите преку кои се изразува тоа право. Притоа, особено е нагласено дека треба да се имаат предвид специфичностите кои не се во спротивност на стандардите, но кои истовремено значат одржување на традицијата на регулирање на односите меѓу припадниците на различните вероисповести кои со години опстојуваат и се во меѓусебно разбирање, толеранција и соживот.

По средбата со министерот Маневски, членовите на Комисијата работниот ден го продолжија со средба со директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи и претставник на Министерството за правда, на која се разговараше за прашања поврзани со содржината на работната верзија на законот.

Членовите на Комисијата имаа заедничка средба и со претставниците на верските заедници во Република Македонија, на која тие ги изнеле своите ставови и мислења во врска со предложените законски решенија.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk