Министерството за правда додели 170 решенија за судски преведувачи во Македонија  
     
 

26.04.2013

 
 

Министерството за правда додели 170 решенија на судски преведувачи кои го положиле испитот за судски преведувач, со што ќе бидат поставени за постојани судски преведувачи во судовите на Република Македонија.

Реформите во судството на планот на обезбедување на правото на судски преведувач, со извршените измени во законите и подзаконските акти, според ресорниот министер, придонеле да се добијат соодветно обучени и искусни преведувачи, кои ќе ја извршуваат својата работа на професионален и одговорен начин.

Ова е 11 јубилејна сесија за проверка на знаењето на странски јазици и јазиците на заедницата кои не се дел од мнозинството во Република Македонија. Првата испитна сесија беше спроведена во септември 2008 година, а до сега, испитот го имаат положено 1.296 судски преведувачи, за 22 странски јазици и јазиците на заедниците кои не се дел од мнозинството во Република Македонија. Овие судски преведувачи се распоредени низ 26 основни судови во државава.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk