Министерот Bexheti присуствуваше на импровизирана судница на ДУТ  
     
 

13.05.2013

 
 

Министерот за правда Blerim Bexheti денеска учествуваше на импровизирана судница што ја организираа студентите и професорите на Правниот факултет на Државниот универзитет во Тетово.

- Сакаме да ги поддржиме и стимулираме студентите и професорите од ДУТ во спроведувањето на овој проект како практичен дел што е многу важен за подигањето на квалитетот на студиите. Оние студенти што ќе се определат да станат судии и обвинители, но и членови на други институции од судскиот систем на овој начин можат да видат во пракса како се одвива еден судски процес, изјави  Bexheti.

Освен практичниот дел, како што посочи, потребно е студентите од сите Правни факултети од универзитетите во Македонија да бидат во тек со реформите што се спроведуваат во правосудството. - Потребно е да бидат во тек со усогласувањето на македонското со законодавството на ЕУ што во краен случај ќе резултира со  подигање на квалитетот како на судскиот систем, така и на студирањето воопшто во нашата држава, рече министерот  Bexheti.

Според деканот на Правниот факултет на ДУТ, Мерсим Максути судската седница треба да ја преточи торијата што студентите ја стекнале за време на предавањата во пракса, бидејќи во овој случај тие ќе бидат судии, поротници и обвинители.

- Сакаме на практичен начин студентите да ги увидат правилата, текот и сите диспозиции во текот на еден реален судски процес  што е во склоп и на практичната настава на нашиот факултет, изјави Максути.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk