Состанок на Работната група за изготвување на Анализа на степенот на усогласеност на националното законодавство со законодавството на ЕУ  
     
 

16.05.2013

 
 

Министерот за правда Blerim Bexheti денеска се обрати пред присутните на Работната група за изготвување на Анализа на степенот на усогласеност на националното законодавство со законодавството на Европската унија од областа Судска соработка во ѓраѓанска и кривична материја.

 Bexheti истакна дека Владата на Република Македонија на сто триесет и првата седница одржана на 20.04.2013 година го задолжи Министерството за правда најдоцна до 26 април 2013 година да формира работна група за подготовка на горенаведената анализата, до крајот на мај 2013 година.

Работната група е формирана со решение бр. 07-1630/1 од 25. 04. 2013 на Министерството за правда, каде членовите се поделени според областа на која работат, и тоа првата подгрупа Судска соработка во граѓанска материја и втората подгрупа  Судска соработка во кривична материја.

Свесни сме потенцира Bexheti обраќајќи се на присутните дека се работи за поголем број на ЕУ мерки кои треба да се пополнат во табелите АО1 и АО2, и дека се работи за сложена и комплексна материја, се надевам дека од ваша страна ќе бидат вложени поголеми напори за да се постигне целта - изготвување на Анализа која во определениот рок ќе биде доставена до Владата на Република Македонија.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk