Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители и Адвокатската комора на Република Македонија  
     
 

20.05.2013

 
 

 

По повод 68 години од Адвокатурата на Македонија, во организација на Адвоктската комора на Република Македонија и Академијата за судии и јавни обвинители, денеска во Музејот на Македонската борба во Скопје, беше потпишан Меморандум за соработка со кој се продлабочува соработката помеѓу судиите, јавните обвинители и адвокатите, со цел заедничко координирано дејствување и постојаното стручно усовршување.

На потпишувањето присуствуваше и министерот Blerim Bexheti кој ја истакна значајната улога на адвокатите во остварувањето на владеењето на правото и заштитата на човековите слободи и права, преку вршење на нивната основна задача – советување и застапување на клиентите.

Беџети потенцираше дека Министерството за правда во рамките на своите надлежности одржува постојани контакти и остварува редовна соработка со Адвокатската комора на Македонија.
„Во таа насока е и учеството на претставниците од Адвокатската комора во Комисиите на Министерството за правда кои изготвуваат закони од областа на правосудството. Како една од клучните области каде што Министерството за правда целосно ја поддржа Адвокатската комора е враќањето на шифрата адвокатска дејност во Националната класификација за дејности, што беше реализирано изминатиов период.“, посочи Bexheti.

Овој Меморандум го дефинира полето и обемот на соработка помеѓу потписниците во рамките на нивните овластувања, како и при заеднички настап пред јавноста и пред потенцијални донатори. Тој одредува и заедничко учество на проекти, во однос на промоција, афирмација и стручно усовршување на судиите, јавните обвинители и адвокатите во Република Македонија.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk