Министерот Blerim Bexheti во посета на општина Гостивар  
     
 

20.05.2013

 
 

Министерот за правда Блерим Беџети денеска ја посети локалната самоуправа во општина Гостивар каде што се сретна со градоначалникот Невзат Бејта.

 Посетата на општина Гостивар беше во насока на зајакнување на соработката помеѓу Министертсвото за правда и општина Гостивар во остварување на законски утврдената надлежност на Министерството за правда - пружање на правото на бесплатна правна помош согласно Законот за бесплатна правна помош. Со овој закон од 2010 година, во Македонија за прв пат се воспостави систем за бесплатна правна помош.

„Воспоставувањето на системот за бесплатна правна помош претставува голем чекор кон заштитата на човековите права поврзани со еднаквиот пристап до правдата, правото на правично судење и владеењето на правото“, истакна Беџети. „Целта на овој проект е постигнување на поголема ефикасност на системот на бесплатна правна помош и подобрување на постапката за одобрување на бесплатна правна помош, како и забрзување на процесот во целина“, додаде тој.  

Институционалната рамка на системот за бесплатна правна помош ги вклучува подрачните одделенија на Министерството за правда кои постапуваат по барањата за одобрување на бесплатна правна помош во прв степен. Државните службеници од подрачните одделенија на Министерството за правда во рамките на општините, се задолжени за обезбедување на претходна правна помош.

Државните службеници во подрачното одделение во Гостивар, како и сите други државни службеници во нивните подрачни одделенија, имаат овластување да комуницираат и постапуваат со странките кои имаат потреба од правен совет или правна информација за решавање на одредени прашања поврзани со семејната положба, социјалното и здравственото осигурување, работните односи, имотно-правни прашања и други правни прашања. Дополнително, овие службеници треба да им помогнат на странките да ги пополнат барањата преку кои се остварува правото на бесплатна правна помош во судските постапки и се добива бесплатен адвокат.

Граѓаните кои ќе се обратат во Информативниот центар во рамките на општина Гостивар треба да бидат запознаени со можноста за бесплатна правна помош и да бидат упатени кон Подрачното одделение на Министерството за правда во Гостивар за да добијат соодветна помош која им следува во рамките на надлежностите и законските овластувања на министерството.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk