Турската владина агенција ТИКА донираше компјутери за Апелациониот суд  
     
 

22.05.2013

 
 

 (МИА) - Апелацискиот суд-Скопје денеска доби донација од 65 компјутери, десет мрежни печатачи, три скенери и 10 диктафони од турската владина Агенција за соработка и координација-ТИКА. 

Претседателката на Апелацискиот суд Љупка Арсениевска истакна дека донацијата ќе помогне судот поефикасно да ја заврши својата работа. Апелацискиот суд е еден од најголемите вакви судови кај нас. Работат 52 судии и 114 вработени во судската служба.

Заменик-министерката за правда Билјана Бришкоска Бошковски истакна дека ова е продолжение на досегашната соработка со ТИКА. Посочи на напорите на Владата на Република Македонија во делот на обезбедување услови за работа на судовите и најави интензивирање на реформите во правосудството се со цел постигнување поголема независност на судовите и зголемување на ефикасноста.

ТИКА ја поддржува Македонија од денот на независноста во различни области, истакна нејзиниот претставник Махмут Чевик. Вкупно 90 парчиња компјутери и техничка опрема донираше турската агенција денеска во Скопје и претходно во Готивар.    

Пред два дена ТИКА на Основниот суд-Гостивар му додели опрема вредна 30 илјади евра, која, исто така, се состоеше од компјутери, печатачи и скенери. Претходно донација на комјутерска опрема доби и Основниот суд во Тетово.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk