Министерот за правда Blerim Bexheti се сретна со специјалниот известувач на Обединетите нации - Франк Ла Ру  
     
 

18.06.2013

 
 

Во Министерство за Правда се оддржа состанок со Делегацијата на специјалниот известувач на Обединетите нации за унапредување и заштита на правото на слободата на мислење и изразување.

Делегацијата беше предводена од г. Франк Ла Ру - специјален известувач на ОН, г. Марчело Даер, а прусутвуваа и г. Сти Асбјорнсен - претставници на канцеларијата на високиот комесар за човекови права на ОН и г-ѓа Силва Пешиќ од канцеларијата на постојаниот координатор на ОН во Скопје.

Преставниците на ОН беа заинтересирани за кривичното дело - говор на омраза, односно измените и дополнувањата на Кривичниот законик, Законот за граѓанска одговорност за клеветата и навредата, Законот за електронски комуникации и Законот за пристап до јавни информации.

Министерот за правда Blerim Bexheti ги образложи сите одредби од измените и дополнувањата на Кривичниот законик  за период 2010 - 2013 година, со посебен акцент на декриминализацијата на кривично дело клевета и навреда. Тој појасни дека законот е стапен во сила и веќе се применува,  дека неговите измени и дополнувањата се транспарентни, затоа што во работните групи формирани од страна на министерот за правда учествувале преставници на сите институции, странски експерти и владини и невладини организации.

Во врска со членот 319 од Кривичниот законик, министерот за правда ја информираше делегацијата, дека работната група формирана лично од негова страна, работи постојано и за други измени и дополнувања на Кривичниот законик  според препораките од Совет на Европа и информацијата на ООН, која се однесува на нејаснотијата и непрецизноста на овој член.

Министерот објасни дека Законот за електронски комуникации ја регулира материјата за државниот надзор на електронските комуникации, поточно слободата на безбедноста и приватноста во вршењето на оваа дејност и дека конечно оваа материја е регулирана со закон.

Во однос со Законот за пристап до информациите од јавен карактер, министерот објасни дека не постојат никакви дилеми околу квалитетот на тој закон и неговата примена во практика, за што се согласија и членовите на делегацијата.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk