Министерот Bexheti присуствуваше на уништување оружје и дрога во печките на „Југохром Фероалоис“- Јегуновце  
     
 

09.07.2013

 
 

Поголемо количество запленето оружје и дрога кои потекнуваат од извршени кривични дела за кои веќе е донесена правосилна судска пресуда, денеска беа уништени во печките на комбинатот „Југохром Фероалоис“ од Јегуновце.

На оваа акција одржана по повод Светскиот ден за борба против малото и лесно оружје присуствуваа министрите за внатрешни работи и за правда, Гордана Јанкулоска и Blerim Bexheti, како и претставници од повеќе надлежни државни институции.

Притоа, министерот Bexheti истакна:

- Со решение за формирање на комисијата од Министерството за правда, што ја следеше целата постапка и во соработка со Агенцијата за конфискуван имот и МВР, на јавен и транспарентен начин постапивме и се ослободивме од оружјето и дрогата за кои веќе имаме правосилни пресуди. На секое следно барање на Агенцијата за конфискуван имот ние ќе формираме соодветна комисија за уништување на наркотички средства, оружје и други материјали, изјави  Bexheti.

Министерката Јанкулоска потенцираше дека ова веќе е традиционално уништување на запаленети предмети од кривични дела:

- Станува збор за оружје и наркотични дроги при што 345 парчиња оружје во најголем дел автоматски пушки и пиштоли, гасни пиштоли и друго малокалибарско оружје, како ловечки пушки, ловни карабини, воздушни пушки и слично. Кај дрогата се уништуваат 226 килограми марихуана, нешто над 60 килограми хероин, околу 15.000 таблети екстази и помала количина кокаин.

Јанкуловска додаде и дека со оваа акција уште еднаш на јавен и транспарентен начин се уништени оружјето и дрогата, од кривични дела за кои е завршена судската постапка со правосилна судска пресуда.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk