Министерот Маневски на пленарна сесија на Венецијанска комисија  
     
 

15.03.2007

 
 

Министерот за правда Михајло Маневски на 16 и 17 март 2007 година на покана на  Венецијанската комисија ќе присуствува на пленарната сесија на Венецијанската комисија на Советот на Европа.

На седницата ќе бидат разгледани мислењата за Законот за Јавно обвинителство, Законот за Совет на јавни обвинители и Законот за правната положба на црква, верска заедница и религиозна група и Измените на Изборниот законик за остварување на правото на глас на дијаспората.

На пленарната сесија министерот Михајло Маневски ќе даде образложение на Предлог законот за Јавно обвинителство, Предлог Законот за Совет на јавни обвинители и Предлог Законот за правната положба на црква, верска заедница и религиозна група.

Со оглед на значењето на овие закони експертското мислење на Венецијанската комисија е од особено значење за вградувањето на европските стандарди и меѓународните норми во нив, заради ефикасно гонење на делата на организираниот криминал и корупцијата, функцијата на Јавниот обвинител, како и остварувањето на уставните права и слободи и гарантираното право на вероисповест на сите граѓани на Република Македонија  и  уредувањето на прашањето на правната положба на црква, верска заедница и религиозна група.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk