Јавен повик за прибирање на барања за полагање на стручен испит за вештак од областа на геодезијата  
     
 

29.07.2013

 
 

ЈАВЕН ПОВИК

За прибирање на барања за полагање на стручен испит за вештак од областа на геодезијата

  1. Секој кандидат кој поднесува барање за полагање на стручен испит за вештак од областа на геодезијата треба да ги исполнува следните услови:

-         да е државјанин на Република Македонија,

-        да има живеалиште во Република Македонија,

-        да има високо образование од областа на геодезијата (диплома со завршено четиригодишно високо образование или диплома со 300 кредити според европскиот кредит - трансфер систем (ЕКТС)),

-        со правосилна одлука да не му е изречена забрана за вршење  професија, дејност или должност се додека траат последиците од забраната  и

-        да има најмалку пет години работно искуство во областа на геодезијата.

  1. Кандидатот кој поднесува барање за полагање на стручен испит за вештак од областа на геодезијата треба да ги достави следните документи:

             

-       Барање на кое читко ќе бидат наведени личните генералии, точна адреса, број на телефон (мобилен, домашен или од работното место), број на лична карта и единствен матичен број, со уплатница (образец ПП/50) за уплатени парични средства за полагање на стручен испит за вештак во износ од 9000,00 денари, назив на примачот – Буџет на Република Македонија, банка на примачот – Народна банка на Република Македонија,  трезорска сметка на Народна банка на Република Македонија бр. 1 000 000 000 630 95, сметка на буџетски корисник 0700 100 140 63 112, приходна шифра 72 30 13 програма 10.

-        Уверение за државјанство,

-       Фотокопија од лична карта,

-       Доказ за завршено високо образование од областа на геодезијата (диплома со завршено четиригодишно високо образование или диплома со 300 кредити според европскиот кредит - трансфер систем (ЕКТС)),

-       Потврда дека со правосилна одлука не му е изречена забрана за вршење  професија, дејност или должност се додека траат последиците од забраната  и

-       Потврда за најмалку пет години работно искуство во областа на геодезијата.

НАПОМЕНА: Документите треба да бидат во оригинал или во копија заверена на нотар.

  1. За времето и местото на полагање на писмениот дел од стручниот испит за вештак од областа на геодезијата кандидатите ќе бидат известени најдоцна во рок од осум дена пред полагање на стручниот испит од страна на комисијата на веб страната на Министерството за правда http://www.pravda.gov.mk/.

  1. Програмата за полагање на стручниот испит ќе биде објавена на веб страната на Министерството за правда  Програма за геодезија

  1. Терминот за устениот дел  се закажува дополнително.

  1. Крајниот рок за поднесување на барање до Министерството за правда на Република Македонија за полагање на стручен испит за вештак е 07.08. 2013 година.

                                                                                   Министерство за правда

 

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk