Средба на министерот Bexheti со пратеници во Европскиот парламент  
     
 

24.09.2013

 
 

Министерот за правда Blerim Bexheti  денеска се сретна со пратеници во Европскиот парламент членови на Социјал-Демократската Алијанса предводени од г. Либор Роучек зам.претседател на Алијансата.

На средбата министерот Bexheti ги запозна присутните со  реализацијата на досегашните реформи во правосудството, како и со  активностите во министерството кои се рамка за идните приоритети во оваа област.

      Натамошното спроведување на реформата на правосудството, истакна  Bexheti  треба да се базира на следниве приоритети,

-јакнење на независноста , непристрасноста и ефикасноста на правосудството ,

-подобрување на управното право,

-понатамошни реформи во кривичниот систем,

-развој на граѓанско правниот систем,

-унапредување на пристапот до правдата, како и унапредување на заштитата на човековите права.

Министерот исто така на нивно прашање ги информираше гостите дека доследно се спроведуваат препораките на ГРЕКО и Венецијанската Комисија каде што Република Македонија има и свои претставници кои активно партиципираат во работата на истите.

Во однос на активностите околу избирачкиот список и изборните правила, министерот информираше дека во Министерството за правда веќе подолго време активно работи работна група составена од експерти и претставници на политички партии кои работат на вметнување во законските прописи препораките на ОБСЕ и ОДИХР.

Исто така нагласи министерот во Државната изборна комисија, работи група на прочистување на Избирачкиот список.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk