Врачена повелба на новоименуваниот нотар за Крушево, Нада Петреска Ангелеска  
     
 

08.10.2013

 
 

Со назначувањето на Нада Петреска Ангелеска за нотар на подрачјето на Основниот суд во Крушево вкупниот број на нотари кои ќе ја вршат службата на територијата на Република Македонија изнесува 174 нотари.

- Поаѓајќи од цврстата определба на Република Македонија за целосна интеграција во европските структури, свесни сме за големото значење и улогата на нотаријатот како сегмент кој има огромно значење и елементарната функција во изградбата на правната држава, рече министерот за правда Блерим Беџети денеска доделувајќи и ја нотарската повелба на Нада Петреска Ангелеска.

Со Правилникот за бројот и распоредот на службените седишта на нотарите во Македонија, како што истакна Беџети, бројот на службените седишта на нотарите на територијата на државата се зголеми за 220 нотарски места, а за територијата на подрачјето на Основниот суд во Крушево од првичното едно место бројот се зголеми на две нотарски места.

Нотаријатот како јавна служба во Република Македонија за првпат се воспостави во текот на 1996 година со донесување на Законот за вршење на нотарски работи, а отпочна да функционира во правниот живот на Република Македонија во 1998 година кога беа именувани првите нотари.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk