Состанок на Комисијата за изготвување на Грaѓанскиот законик  
     
 

07.11.2013

 
 

Министерот за правда Blerim Bexheti денеска учествуваше на седницата на Комисијата за изготвување на Грaѓанскиот законик која се одржа во Македонската академија на науките и уметностите – МАНУ.

Министерот Bexheti во своето обраќање давајќи пресек на досегашните активности на работата на Комисијата истакна дека со одлука на Владата на Република Македонија на почетокот на 2011 година беше формирана Комисија за изготвување на Граѓански законик, за чиј претседател беше именуван професор доктор Гале Галев и во која членуваат врвни професори и експерти на правни науки од земјата, како и надворешни соработници професори и експерти од Сојузна Република Германија, Франција, Хрватска, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Бугарија.

Граѓанскиот законик на Република Македонија истакна Bexheti ќе претставува единствен систем на граѓанско-правни норми составен од пет дела со кои ќе се регулираат Облигационо правните односи, Наследно правните односи, Семејно правните односи, Стварно правните односи и Општиот дел на Граѓанското право.

Комисијата за период од пет години треба да го изготви комплетно Граѓанскиот законик, меѓутоа нагласи Bexheti  за нецели три години од формирањето Комисијата успеа да комплетира  значајни делови од Граѓанскиот законик.

На седницата беше заклучено во наредниот период овие  делови да бидат ставени на јавна расправа која ќе трае 3 месеци и  со која ќе се овозможи целата експертска фела и лицата кои се дел од правната професија од земјата и странство да го дадат својот придонес во подобрување на предлог текстот.

Во однос на идните активности беше заклучено Комисијата да се фокусира на изготвувањето на останатите  делови од Граѓанскиот законик: Семејното право, Стварното право и Општиот дел на граѓанското право.

Во текот на наредната година Комисијата за изготвување на граѓански законик во соработка со Министерството за правда ќе организираат меѓународна конференција на која врвни експерти и професори од оваа област од земјата и странство ќе можат да дадат сопствен придонес во кодификацијата на граѓанското право.

Процесот на изготвување на Граѓанскиот законик треба да биде комплетиран на почетокот на 2016 година кога Република Македонија ќе добие Граѓански законик во кој ќе бидат интегрирани нормите кои ги уредуваат граѓанско правните односи во единствен систем.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk