Состанок на Советот за реформи во правосудниот систем  
     
 

13.11.2013

 
 

На состанокот покрај министерот за правда Blerim Bexheti присуствуваше и вицепремиерот Fatmir Besimi кој се заблагодари на скринингот во однос на Поглавјето 23 и 24 и истакна дека треба да се вложат повеќе напори во реформите со што ќе дадеме свој придонес во однос на подобрување на позициите на Република Македонија во однос на преговорите.

Министерот Bexheti обраќајќи се пред присутните се осврна на клучните наоди содржани во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија во 2013 година.
Во делот на Извештајот посветен на Поглавјето 23 Правосудство и фундаментални права, рече Bexheti , Европската комисија нотира дека клучните долгорочни реформи спроведени во областа на судството се веќе завршени во текот на последната деценија, во согласност со европските стандарди.
Во областа на професионализмот и надлежноста на судството, Европската комисија истакнува , рече Bexheti дека Академијата за судии и јавни обвинители ја игра централна улога во обезбедувањето на доживотна обука за судството и обвинителството.


По однос на ефикасноста на судскиот систем, Европската комисија нотира дека поголемиот број на судови на сите нивоа беа во можност да процесираат повеќе предмети отколку што примиле, или повеќе, во текот на 2012 година. Натаму, се констатира фактот дека во моментов нема судови со значителен заостаток на предмети.
Понатаму истакна Bexheti во областа на Антикорупциската политика, Европската комисија констатира дека законската рамка е во голема воспоставена и превземени се чекори за развивање и консолидирање на статистичките податоци за нејзино спроведување во земјата. По однос на антикорупциската законска рамка нотирани се измените во Законот за финансирање на политичките партии и Изборниот законик, со цел за реализација на препораките на ГРЕКО и ОДИХР. Исто така, се нотираат и успешно заокружените циклуси на евалуација од страна на ГРЕКО помеѓу 2002 и 2012 година.
По однос на фундаменталните права, рече Bexheti севкупно констатиран е напредок во врска со правата на детето, заштита на имотните права и заштита на податоците.
Имено, Европската комисија, нотира дека Република Македонија претставува дел од повеќето меѓународни инструменти за човечки права и има постигнато дополнителен напредок со ратификацијата на Конвенцијата за заштита на децата од сексуална експлоатација и сексуална злоупотреба и потпишувањето на Третиот изборен протокол кон Конвенцијата за правата на детето.
Во областа на слободата на изразување и медиумите, особено во делот на де-криминализација на клеветата, се нотирани измени на Кривичниот законик како и донесувањето на нов Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета кој ги одредува максималните нивоа на штетите кои би можеле да бидат доделени во граѓански предмети.
Во областа на слободата на собирање и здружување, Европската комисија нотира дека севкупната ситуација е задоволителна, без случаи на злоупотреба на законодавството или забрани за регистрација. Напредок е нотиран и во делот на слободата на мислата, совеста и религијата.


Во областа на правата на децата, Европската комисија го нотира донесувањето на новиот Закон за заштита на децата фокусирајќи се на системот и организацијата на заштита на децата околу правата на детето.
Министерот за правда Blerim Bexheti на крајот на своето излагање рече дека министерството за правда во соработка со клучните институции, вклучени во реформата на правосудниот систем и во иднина ќе продолжи посветено да работи на унапредување и спроведување на евро- интегративните процеси, особено имајќи ги во предвид приоритети кои се дел од Претпристапниот дијалог на високо ниво воспоставен помеѓу Европската унија и Република Македонија.


На состанокот на Советот претседателката на Врховниот суд на Република Македонија Лидија Неделкова ги информираше присутните за досегашните активности околу процесот на воведување на електронска достава , како и за воведувањето на тонско снимање на рочиштата.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk