Министерот Bexheti додели решенија на новите постојани судски преведувачи  
     
 

14.11.2013

 
 

Министерот за правда Blerim Bexheti денеска им додели решенија на новите постојани судски преведувачи во судовите на Република Македонија. Ова е 12-та сесија на организирање проверка на знаењето на странски јазици и јазици на заедниците кои не се мнозинство во државата.

- Од септември 2008 година досега беа успешно спроведени 12 сесии и испитот го положија 1.450 судски преведувачи на 23 странски јазици и јазиците на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија и тоа за албански, англиски, босански, бугарски, германски, грчки, италијански, кинески, полски, португалски, руски јазик и други. Тие се распоредени во 27 основни судови во државата, рече Bexheti. Им посака успех и додаде да работат совесно, одговорно и вредно, согласно законот.

Министерот Bexheti истакна дека претежно се јавиле млади кандидати кои со успех ги положиле испитите за еден или за повеќе јазици. Проверката на знаењата, додаде тој, се спроведе со учество на професори од нашите високо-образовни институции, судски преведувачи и други институции.

Министерството за правда ја спроведува постапката за поставување на судски преведувачи, во согласност со Законот за судовите и Судскиот деловник, на начин и под услови утврдени со Упатството за начинот и условите за поставување, проверка на знаењето и разрешување на постојаните судски преведувачи.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk