Министерот Bexheti на ,,Денови на бесплатен правен совет ,, во општините Желино и Јегуновце  
     
 

15.11.2013

 
 

Согласно Законот за бесплатна правна помош денеска во општините Желино и Јегуновце се одржаа ,,Денови на  бесплатен правен совет ,,.

Деновите на бесплатен правен совет“ Министерството за правда гои реализира во соработка со Адвокатската комора, Нотарската комора, Комора на медијатори и Комора на извршители заради запознавање на граѓаните со можноста за остварување на своите права согласно Законот за бесплатна правна  помош, како  и истовремено давајќи бесплатни правни совети за прашања од областа на адвокатурата, медијацијата, нотаријатот и извршувањето.Правото на бесплатна правна помош согласно законот може да го остварат лица кои со оглед на својата материјална положба не би можеле да ги остварат со Устав и закон загарантираните права, без да го загрозат сопственото издржување и издржување на членовите на своето семејство со кои живеат во заедничко домаќинство и тоа:

Министерот Bexheti истакна дека, во правниот систем на Република Македонија од 2010 година во примена е Законот за бесплатна правна помош чија  цел е да им се обезбеди еднаков пристап на граѓаните и другите лица до институциите на системот, запознавање, остварување и овозможување на ефективна правна помош, што е во согласност со уставното начело на еднаков пристап на правдата.

Правото на доделениот адвокат за дадена правна помош е на терет на државата.

Министрот Bexheti изрази надеж дека денешната средба ќе им  помогне  на граѓаните да се запознаат со можностите и начинот на остварување на своите права согласно  Законот за бесплатна правна помош и да добијат стручна правна помош во натамашно решавање на проблемите, и  во реализираање на правото за еднаква достапност на правдата до граѓаните.

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk