Министерот Bexheti го назначи Премтим Ќерими за извршител  
     
 

25.11.2013

 
 

 

Со назначувањето на Премтим Ќерими од Куманово за извршител на подрачјето на Основниот суд во Куманово, Основниот суд во Крива Паланка и Основниот суд во Кратово вкупниот број на именувани извршители на територијата на Република Македонија изнесува 98 извршители.

Со Правилникот за определување на бројот на извршители за подрачјето на Основниот суд и утврдување на критериуми за бројот и распоредот на службените седишта на извршители на подрачјето на Република Македонија (“Службен весник на РМ” бр. 146/07) предвидени се 132 седишта на извршители.

 

Министерството за правда тековно ги врши своите надлежности од областа на извршувањето, презема мерки за нивна професионализација и унапредување, ја следи состојбата со пополнувањето на бројот на непополнети седишта на извршители согласно со Правилникот за бројот и распоредот на службени седишта на извршителите..

Законот за извршување веќе со години наназад е оценуван како најреформски закон со кој се промени во целост системот на извршување на судските одлуки кои гласат на исполнување на обврски, одлуки донесени во управна постапка кои гласат на исполнување на парична обврска..

 

Анализите на досегашната примена на Законот за извршување покажуваат дека се реализираше основната цел на овој закон, а тоа е да се создаде ефикасен систем на извршување и остварување на правата на доверителите во разумен рок.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk