Средба на министерот Bexheti со известителот на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите членки на СЕ, Роберт Вaлтер  
     
 

03.12.2013

 
 

Министерот за правда BlerimBexheti денеска се сретна со   Известителот на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите членки на Советот на Европа, Роберт Вaлтер.

            Централна тема на разговор на средбата беше напредокот на државата во повеќе свери а посебно во сверата на судството и примената на Охридскиот рамковен договор.

            Г. Роберт Вaлтер го информираше министерот Bexheti дека како резултат на минатогодишните средби во Министерството за правда, а пред Извештајот на Советот на Европа , од обемните одговори добиени од страна на министерството подготвен е Извештајот до Советот на Европа   и на негова голема радост и гордост  како што истакна, неговиот извештај бил имплементиран во конечниот Извештај на Република Македонија.

Исто така г. Валтер како цел на неговата посета ја истакна потребата да биде непосредно информиран во врска со судството , неселективниот пристап до правдата и примената на рамковниот договор.

Министерот  Bexheti истакна дека по Извештајот на Советот на Европа во Министерството за правда е формирана работна група за развивање на рамка за развој на судството во Република Македонија 2013-2017 година, во која група членуваат Министерот за правда, Претседателот на Врховниот суд, Јавниот обвинител на РМ, претставници од Основното Јавно обвинителство за организиран криминал и претставници од МВР. Комисијата ја изготви рамката и за тоа е информиран Советот на Европа.

Министерот Bexheti информираше за започнувањето на примената на Законот за кривичната постапка од 1-12-2013 година , со посебен акцент на тоа дека нема да се злоупотребува мерката притвор од страна на судовите и дека истата за најтешки кривични дела ќе се изрекува по налог на Јавното обвинителство.

На крајот на средбата  г. Волтер  го постави прашањето за перцепцијата на граѓаните за улогата на претседателот на државата.

Одговорот на министерот Bexheti беше декаграѓаните на  Република Македонија  очекуваат претседателот на Република Македонија  да ги застапува интересите на сите граѓани на Република Македонија.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk