Се отвара Информатичкиот центар за поврзување на правосудните институции  
     
 

27.03.2007

 
 

Министерот за правда Михајло Маневски и генералниот директор на Генералниот Директорат за проширување на Европската комисија Мајкл Ли официјално ќе го отворат Информатичкиот центар на Министертвото за правда.

На овој свечен чин министерот за правда г-н Михајло Маневски и генералниот директор на Генералниот Директорат за проширување на Европската комисија, г-н Мајкл Ли ќе извршат примопредавање на софтверите за Судскиот совет на Република Македонија, Јавното обвинителство, ЛДБИС и затворската администрација.

Реализацијата на овој проект и ставањето во функција на овој ИТ Центар е од исклучително значење за обезбедувањето на ефикасен и независен правосуден систем во Република Македонија која се наоѓа во интензивна имплементација и заокружување на правната рамка. 

Информатичкиот центар ќе обработува, систематизира и анализира податоци кои се однесуваат на правосудниот систем на Република Македонија. ИТ центарот ќе генерира статистики, менаџмент информации за потребите на Министерството за правда кои ќе се користат при донесувањето на одлуки.

Информатичкиот центар е изграден и опремен со финансиска и техничка помош на Европската унија, а реализацијата на активностите е направена преку Европската агенција за реконструкција од Националнта програма КАРДС 2003 – техничка помош на јавната администрација – правосудна администрација.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk