Конференција по повод меѓународниот ден за борба против корупцијата – 9-ти декември  
     
 

10.12.2013

 
 

                По повод меѓународниот ден за борба против корупцијата 9-ти декември денеска се одржа конференција во организација на Државната комисија за борба против корупцијата , УНДП и ОБСЕ  на која свое обраќање имаше министерот Blerim Bexeti.

                Тој се осврна на големиот број на ратификувани конвенции  и протоколи од оваа област како што се: Конвенциите против корупција на Советот на Европа (казнената и граѓанската), Конвенцијата против корупција на Обединетите нации и низа други конвенции и протоколи од оваа област, кои  како што рече се имплементирани во националното законодавство. 

                 Република Македонија рече Bexeti презема и бројни  практични активности и мерки на домашен план, кои се во насока на ефикасна борба за репресија и спречување на корупцијата. Тие се превентивни и репресивни, а истите се остваруваат на легислативен, институционален план, на планот на примена на правото и јакнење на меѓуиинституционалната соработка.

                Во таа насока Bexeti ги спомна активностите како реформи во политичкиот и економскиот систем, реформи во правосудниот систем ,создавање на легислативната рамка за превенција и сузбивање на корупцијата надградена со нови законски решенија; создавање на добро организирана институционална структура за борба против корупцијата со специјализирани тела и единици за оваа цел; спроведување активности за јакнење и едукација на капацитетите на специјализираните институции и тела за борба против корупцијата, создавањето на стратешки пристап во борбата против корупцијата кој се базира на Државните програми за превенција и репресија на корупцијата и спречување на судирот на интереси; спроведување на реформите на казненото право , изградбата на современ, ажурен, ефикасен и независен судски систем, усогласен со меѓународните стандарди , зајакнување на меѓу-институционалната соработка на органите надлежни за борба против;  конфискацијата на имот и имотна корист како и  подигнувањето на јавната свест на граѓаните за штетноста на корупцијата .

                На крај Bexeti истакна  дека Владата на Република Македонија има јасна визија за спроведување на ефикасна борба против корупцијата и континуирано работи на реализација на конкретни и координирани активности во оваа насока.

 

 

 

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk