Конкурс за именување на извршител  
     
 

13.12.2013

 
 

Врз основа на членот 33 од Законот за извршување (“Службен весник на Република Македонија” бр. 35/05, 50/06, 129/06, 8/08, 83/09, 50/10, 83/10, 88/10, 171/10 и 148/11), министерот за правда распишува Конкурс за именување на извршител за :

- подрачјето на Основниот суд во Гостивар и Основниот суд во Кичево - еден извршител.

1. Кандидатот за извршител треба да ги исполнува условите предвидени во членот 32 од Законот за извршување (“Службен весник на Република Македонија” бр. 35/05, 50/06, 129/06, 8/08, 83/09, 50/10, 83/10, 88/10,  171/10 и 148/11), и тоа :

      1) да е државјанин на Република Македонија;

2) да е деловно способен и да има општа здравствена  способност;

3) да e дипломиран правник со завршено четиригодишно високо образование на правни студии или дипломиран правник со стекнати 300 кредити според Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС);

4) да има најмалку пет години работно искуство на правни работи или три години на извршни работи;

5) да има положен испит за извршител според програмата што ја пропишува министерот за правда;

       6) активно да го владее македонскиот јазик;

7) да не е осуден со правосилна судска одлука на безусловна казна затвор над шест месеца, и да не му е изречена казна забрана за вршење на должноста извршител;

8) да даде изјава пред нотар дека ќе обезбеди опрема и простор кои се потребни и соодветни за вршење на извршни работи; и

9) да има дадено изјава пред нотар за својата имотна состојба.

2. Заинтересираните кандидати кон пријавата треба да приложат: кратка биографија, уверение за државјанство, уверение за деловна способност, лекарско уверение за општата здравствена состојба издадено од надлежна здравствена установа од областа на медицина на трудот кое не е со изминат рок од 12 месеци, диплома за завршен правен факултет, доказ за работно искуство, односно потврда за работно искуство, уверение за положен испит за извршител, уверение за неосудуваност, уверение дека не му е изречена казна забрана за вршење на професијата извршител, изјава заверена кај нотар дека ќе обезбеди опрема и простор кои се потребни и соодветни за вршење на извршните работи и  изјава заверена кај нотар за својата имотна состојба. Активното познавање на македонскиот јазик се докажува со завршено школување во Република Македонија, а доколку кандидатот школувањето го завршил во странство потребно е да приложи  потврда за активно познавање на македонскиот јазик издадена од Филолошкиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” - Катедра за македонски јазик и јужнословенски јазици.

3. Рокот за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 дена, сметано од денот на објавувањето на Конкурсот во “Службен весник на Република Македонија”.

4. Пријавите со прилозите (во оригинал или фотокопии заверени кај нотар) со кои се докажува дека се исполнети условите за именување на извршител, предвидени во членот 32 од Законот за извршување (“Службен весник на Република Македонија” бр. 35/05, 50/06, 129/06, 8/08, 83/09, 50/10, 83/10, 88/10, 171/10 и 148/11) се поднесуваат до Министерството за правда.

                                                                                                                       МИНИСТЕР ЗА ПРАВДА

                                                                                                                            Blerim Bexheti

 

 

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk