Изготвен нацрт текст на Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за спречување на корупцијата  
     
 

30.12.2013

 
 

Ве известуваме дека е изготвен нацрт текст на Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за спречување на корупцијата.

Целта на предложеното решение е да се воведе Систем на интегритет и системска заштита на лицата кои пријавуваат сомневање или сознание за корупција или друго незаконито и недозволиво постапување.

Министерството за правда ги известува сите засегнати страни дека можат да ја преземат електронската верзија на нацрт текстот на Предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за спречување на корупцијата и Нацрт-Извештајот за проценка на влијанието на регулативата.

Известување за почеток на процесот за процесот за подготовка на Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за спречување на корупцијата, објавено на 30.10.2013 година превземи

Нацрт-Извештај за проценка на влијанието на регулативата превземи

Нацрт-текст на Предлог  на Закон за изменување и дополнување на Законот за спречување на корупцијата  превземи

Вашите коментари, мислења и сугестии можете да ги доставите на адреса:

Министерство за правда

Ул. Јуриј Гагарин бр.15

1000, Скопје 

или на е-пошта: mpsorabotka@mjustice.gov.mk

Исто така, документите се објавени на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (ЕНЕР) www.ener.gov.mk, каде нацрт текстот е отворен за коментари.

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk