Информатичкиот центар на Министерството за правда чекор напред во спроведувањето на реформите во правосудството  
     
 

27.03.2007

 
 

„Реформите во судството и остварувањето на правата на граѓаните се стратешка определба на Владата на Република Македонија  како клучен услов  во процесот на европската интеграција на земјата“, рече министерот за правда Михајло Маневски отворајќи го Информатичкиот центар на Министерството за правда.

„Информатичкиот центар е од исклучително значење за обезбедувањето на ефикасен и независен правосуден систем во Република Македонија. ИТ Центарот ќе придонесе во воспоставувањето поуспешна комуникација меѓу правосудните институции, како и поголема транспарентност во нивното работење“, додаде министерот Маневски. 

Министерот Михајло Маневски изрази благодарност на Европската комисија и Европската агенција за реконструкција за финансиската помош во реализацијата на овој проект и поддршката на реформите во правосудството во целина.

Генералниот директор на Генералниот директорат за проширување на Европската комисија, г-н Мајкл Ли обраќајќи им се на присутните гости го поздрави отворањето на Центарот и рече дека следниот чекор во спореведувањето на реформите е во правосудните институции.

Информатичкиот центар ќе обработува, систематизира и анализира податоци кои се однесуваат на правосудниот систем на Република Македонија. ИТ центарот ќе генерира статистики, менаџмент информации за потребите на Министерството за правда  кои ќе се користат при донесувањето на одлуки.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk