Министерот за правда Blerim Bexheti го назначи Јасер Асани за извршител во Гостивар и Кичево  
     
 

13.02.2014

 
 

Министерот за правда Blerim Bexheti назначувајќи го и честитајќи му на  Јасер Асани од Гостивар за извршител на подрачјето на Основниот суд во Гостивар и Основниот суд во Кичево истакна дека вкупниот број на именувани извршители на ова подрачје изнесува 5 извршители.

Од иницијалните 41 извршител кои во 2006 година, започнаа со примената на новиот систем на извршување, во моментов во Република Македонија именувани се вкупно  99 извршители.

Министерството за правда истакна Bexheti тековно ги врши своите надлежности од областа на извршувањето, презема мерки за нивна професионализација и унапредување, ја следи состојбата со пополнувањето на бројот на непополнети  седишта на извршители согласно со Правилникот за бројот и распоредот на службени седишта на извршителите.

Законот за извршување e реформски закон рече Bexheti  со кој од 2006 година се промени во целост системот на извршување на извршните исправи, а анализите на досегашната примена на Законот за извршување покажуваат дека се реализираше основната цел на овој закон, а тоа е да се создаде ефикасен систем на извршување и остварување на правата на доверителите во разумен рок.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk