Врачени повелби на 13 новоименувани нотари  
     
 

21.02.2014

 
 

Министерот за правда Blerim Bexheti денеска им врачи повелби на 13 новоименувани нотари, со што вкупната бројка на нотари во Македонија изнесува 187.

Се надевам дека вие како новоименувани нотари вашата работа ќе ја извршувате совесно, чесно и одговорно во рамките на Уставот и законите. Тоа ќе доведе до зголемување на довербата на граѓаните и институциите кон нотарите, со што се зголемува  правната сигурност во државата и се обезбедува владеењето на правото, им порача министерот Blerim Bexheti .  

Тој посочи дека според Правилникот, бројот на службените седишта на нотарите на територијата на Република Македонија изнесува 220 нотарски места, а со денешното доделување на повелби ќе има вкупно 187 нотари.

Развојот на нотаријатот како јавно овластување треба да биде во функција на полесно решавање на потребите на граѓаните и поефикасно остварување на нивните права. Затоа во иднина ќе треба да го надоградувате своето знаење и понатаму да се едуцирате согласно новините во правниот систем, им рече министерот на новоименуваните нотари.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk