Средба на министерот Blerim Bexheti со амбасадорот Бранимир Мандиќ директор на RACVIAC.  
     
 

25.02.2014

 
 

Министерот за правда Blerim Bexheti денеска се сретна со амбасадорот Бранимир Мандиќ директор на RACVIAC.

 

Центарот за безбедносна соработка – RACVIAC со седиште во Загреб, Република Хрватска е основан во 2000 година како регионален центар за контрола на вооружувањето со цел да промовира мерки за градење на безбедноста и проширување на соработката во регионот на Југоисточна Европа.

 

На средбата министерот Bexheti информираше за активностите што министерството ги има преземено во областа на сузбивање на корупцијата.

 

Во таа смисла министерот истакна дека во Република Македонија надградена е воспоставената правна и институционална рамка во функција на успешна борбата против корупцијата, во согласност со препораките од извештаите на ЕК, ГРЕКО, ОБСЕ и други меѓународни извештаи.  

 

 

Амбасадорот Мандиќ го информираше министерот за активностите кои се дел од годишниот план на Центарот, со акцент на можностите за реализирање на настани во Република Македонија, и тоа во областа на градењето интегритет и спречувањето на корупцијата.

  

На средбата беше прифатена заложбата за јакнење и унапредување на Натамошната регионална соработка и подршката за натамошните активности.  

 

Регионалното поврзување преку иницијативите како RACVIAC, додаде министерот Bexheti, се особено значаен елемент за креирање на клима на доверба, почитување, пријателство и поддршка помеѓу земјите од регионот.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk