Годишна конференција на ДКСК за оценка на остварувањето на Државната програма со Акционен план 2011-2015  
     
 

26.02.2014

 
 

            Министерот за правда Blerim Bexheti денеска имаше свое обраќање пред присутните на отворањето на Годишната  конференција за оценка на остварувањето на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и Државната програма за превенција и намалување на појавата на судир на интереси со Акционен план 2011-2015.

       Министерот Bexheti истакна дека во делот на нормативната активност, Министерството за правда, имајќи ги предвид препораките на меѓународните организации, постојано работи на надградба на антикорупциската правна рамка.

            Во таа смисла истакна Bexheti како што е забележано во Извештајот за усогласеност со препораките на ГРЕКО од Третиот круг на евалуација, тековната криминализација на кривичните дела од областа на корупцијата во Република Македонија во голема мерка ги задоволува барањата на Казнената конвенција за корупција.

                 На планот на продлабочувањето на меѓу-институционалната соработка, рече Bexheti за одбележување е успешното функционирање на Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата. Истовремено истакна тој , се интензивираат активностите за унапредување на меѓународната кривично-правна соработка помеѓу правосудните и останатите органи.

            Во Извештајот на Транспаренси Интернешнл истакна Bexheti на перцепција за корупцијата во 2011 година, со кој се опфатени 183 земји, Република Македонија забележува благ пад на индексот за 0,2 индексни поени, со што ја зазема 69 позиција. Конечно, во Извештајот за 2012 година Република Македонија ја задржува, а во 2013 година ја подобрува позицијата за еден индексен поен, односно две позиции, така што, споредено со државите во регионот, Република Македонија е подобро рангирана од Романија, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Грција, Албанија и Косово.

            Охрабруваат резултатите рече Bexhetiна истражувањето на Глобален корупциски барометар 2013 на Транспаренси Интернешнл, според кои 82% од анкетирани македонски граѓани изјавиле дека би пријавиле случај на корупција, и тоа од нив 54 % би пријавиле до државни тела за борба против корупцијата или преку телефонска линија за пријавување.

            Заради поттикнување на пријавувањето на случаи на корупција и друго незаконито и недозволиво постапување во јавниот и приватниот сектор, Министерството за правда изготви Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за спречување на корупцијата најави Bexheti.

            На крајот од своето  излагање, Bexheti упати голема благодарност до Претставништвото на Програмата за развој на Обединетите нации и до Делегацијата на Европската унија во Република Македонија за  помошта и поддршката што ни ја укажуваат во спроведувањето на активностите за унапредување на борбата против корупцијата. 

 

 

 

 

 

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk