Министерот Bexheti се сретна со Бертран Десмулан, претставник на УНИЦЕФ  
     
 

26.02.2014

 
 

Министерот за правда Blerim Bexheti денеска оствари средба со претставникот на УНИЦЕФ  Бертран Десмулан, прва по неговото поставување за претставник на УНИЦЕФ во Република Македонија.

На средбата министерот Bexheti го запозна г.Десмулан со активностите на министерството кои се насочени кон унапредување на малолетничката правда и воедно се заблагодари за несебичната помош на меѓународните институции во таа област.

Министерот за правда исто така истакна дека со Законoт за правда за деца се уредува постапувањето со децата во ризик и децата сторители на дејствија што со закон се предвидени како кривични дела и прекршоци, се определуваат условите за примена на мерки на помош, грижа и заштита, на воспитни и алтернативни мерки и за казнување на децата и по младите полнолетни лица, положбата, улогата и надлежноста на органите што учествуваат во постапувањето со децата.

Министерот Bexheti истакна дека е во тек започнување со изградбата на ВПД – Брвеница  , Тетово  со тоа што се поминати техничките процедури кои гарантираат дека домот ќе биде изграден според најсовремени светски стандарди .

Претставникот  г. Десмулан изрази задоволство особено од работата на Академијата за одука на судии и обвинители , и рече дека во континуитет ќе ги следи сите активности на министерството кои се однесуваат на  унапредувањето на малолетничката правда.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk