Имплементацијата на Законот за извршување со позитивни резултати  
     
 

24.03.2007

 
 

Министерство за правда според податоците и евиденцијата констатира дека Законот за извршување е реформски закон кој ги даде своите први позитивни резултати и ги оправда очекувањата. Законот за извршување воведе многу значајни новини, но најважните се:

- прифаќањето на системот на извршители - лица кои вршат јавни овластувања и се наоѓаат надвор од судовите,

- можноста извршителот да врши достава на судските писмена, како и правото да врши легитимирање на странките и учесниците во извршувањето,

- правото на пристап до сите информации и податоци од работодавецот,

банките, јавните книги и регистрите со кое се здобива извршителот за конкретен должник со цел  непречено спроведување на извршувањето.

- извршителите, но и  Комората подлежат на годишен редовен надзор врз

работата од страна на Министерството за правда,

- извршителот е одговорен за целата штета што тој, неговиот заменик или, помошник, ја причинил спрема трети лица, со незаконско спроведување на извршните дејствија и со неисполнување на должностите што ги има како извршител според овој закон.

- извршувањето се врши од сите расположиви средства на должникот, а не како досега само од неговата жиро сметка.

Речиси едногодишната примена на Законот за извршување укажа и на одредени слабости во новиот систем на извршување за кои треба да се изврши анализа дали истите се резултат на законските одредби, или пак можеби на одредени неусогласености на новиот реформиран ситем со останатите системи  и регулативи според кои работи државната администрација. 

Министерството за правда  по шестмесечната примена на Законот за извршување изготви Извештај за резултатите од примената кој го разгледа и усвои Владата на Република Македонија. (повеќе...)

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk