Прес конференција на министерот Blerim Bexheti и Државниот совет за превенција од малолетничко престапништво  
     
 

17.03.2014

 
 

 

-Активности за успешно справување со малолетничкиот криминалитет 

Министерот за правда Blerim Bexheti и претседателот на Државниот совет за превенција од малолетничко престапништво - Миле Гиновски, на денешната прес конференција посочија неколку клучни активности со кои треба успешно да се влијае на справување со малолетничкиот криминалитет - детското престапништво во државава.
Во таа насока министерот Bexheti истакна дека активностите ќе бидат фокусирани на организирање каравани со кои ќе бидат посетени и одржани конференции во сите локални самоуправи во Р. Македонија, со задолжително учество на сите институции кои се задолжени да ги третираат проблемите на младите; потоа ќе се организираат работно-нформативни средби со формираните Локални совети за превенција од малолетничко (детско) престапништво, согласно Законот за детска правда.

Исто така планирани се директни контакти со сите полициски станици во земјата преку кои вработените во целост ќе бидат запознаени со оваа проблематика. Како клучен фактор во справувањето со овој вид на претстапништво, планирани се и контакти со сите судии и обвинители за малолетници.
Една од активностите која е од посебно значење нагласи министерот Bexheti се редовните посети на воспитно-поправните домови во земјата. Тие посети ќе имаат поширока цел - запознавање со проблемите и поконкретно утврдување на етимолошките фактори на ризик детектирани преку истражувањата, а кои влијаат на појавата и развојот поврзани со детското претстапништво.
Спроведувањето на најновиот проект: „Превенција од малолетничко престапништво фокусирана врз фактори на ризик“, под мотото: ,,Заедно против детското престапништво“ ќе овозможи имплементирање на пакет од 4 нови мултимедијални превентивно - едукативни содржини за кои досега се добиени повеќе позитивни рецензии и мислења рече Bexheti.

Честите настапи на пишаните и електронските медиуми во Република Македонија и задолжителното, директно, вклучување на малолетници и други млади во детектирањето на проблемите поврзани со малолетничкото престапништво, како и изнаоѓањето решенија е уште еден начин за борбата против овој вид на престапништво истакна Bexheti.
Државниот совет со сите овие активности ќе ја прекине долгогодишната лоша практика, возрасните да донесуваат одлуки, решенија, мислења и ставови во името на младите истакна Bexheti. Потоа, ќе ги извлече од сферата на анонимноста и пасивноста и ќе ги стави во функција на креатори на сопствената иднина. На крај рече Bexheti младите ќе бидат повикани самите да се соочат, очи во очи со возрасните за на директен начин да ги посочат причините за појавата и развој на детското престапништво но и можните решенија за негово ефикасно решавање.

Претседателот на Советот Миле Гиновски истакна дека е нотирано зголемување на малолетничкото престапништво за 23 проценти во првите месеци во претходната година . Советот во таа насока ги актуелизира овие активности со локалните самоуправи кои се во согласност со годишната Програма за сузбивање на малолетничкото престапништво.

 

 
 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk