Средба , Blerim Bexheti - Герт-Хајнрих Аренс, шеф на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР  
     
 

19.03.2014

 
 

Министерот за правда Blerim Bexheti денеска се сретна со Герт-Хајнрих Аренс, шеф на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за претседателските и предвремените парламентарни избори 2014.

На средбата се разговараше за последните промени во Изборниот законик, направени согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР, што беа усвоени консензуално и заложбите на Владата на Република Македонија за спроведување на фер и демократски избори.





Министерот Bexheti истакна дека со ова законско решение се исполнуваат препораките на ОБСЕ/ОДИХР, а согласноста на политичките субјекти во Република Македонија треба да создаде уште посилни предуслови за транспарентен изборен процес и унапредување на процесите во оваа област, што е од посебна важност како за нас, така и за нашата евроинтеграција.

Претседателските и вонредните парламентарни избори ќе бидат тест за демократските капацитети на државата, особено по консезуалните измени на изборниот законик истакна шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ и ОДИХР, Герт Аренс.

За време на средбата беше изразено взаемно задоволство за соработката со меѓународните набљудувачки мисии во досегашните изборни циклуси, како и очекување истата да продолжи и во иднина.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk