Соопштение по повод, 31 март, Денот на правосудството  
     
 

31.03.2014

 
 

   Почитувани,

По повод, 31 март, Денот на правосудството, ја користам оваа прилика на сите вработени во правосудната фела - судиите, јавните обвинители, правобранителите, адвокатите, медијаторите, нотарите, извршителите, на судските службеници и судските советници, на судската полиција и на сите вработени во судството, срдечно да им го честитам Денот на правосудството со надеж и желби за понатамошни успеси на полето на правосудството. Воедно, сакам да изразам благодарност за целиот ваш придонес кон реализација на функцијата на судството и спроведување на судските реформи.

 

          Реформските активности кои ги преземаме служат за да ги зајакнат капацитети на правосудството, да ги забрзаат судските постапки, да го зголемаат квалитетот на судските одлуки, а со воведувањето на современата технологија се зголемува транспарентноста на работата на судовите и последователно - довербата на граѓаните во судството.

           

           Со нашата целосна посветеност во спроведувањето на правосудните реформи ја потврдуваме и нашата цврста определба да истраеме на патот кон Европската унија и НАТО, што е од особен интерес на граѓаните нa Република Македонија.

Министер за правда,

Блерим Беџети

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk