Доделени решенија на 139 судски преведувачи  
     
 

07.05.2014

 
 

Министерот за правда Blerim Bexheti денеска  додели 139 решенија за поставување постојани судски преведувачи во судовите во Република Македонија.   

Министерот Bexheti истакна дека на овој начин и Република Македонија ја подобрува состојбата на исполнување на критериумите на Европската Унија во спроведувањето на повеќејазичноста и јавната употреба на јазиците, како  утврдена политика на унијата.

Реформите во судството истакна Bexheti, на планот на обезбедување на правото на судски преведувач, со извршените измени во законите и подзаконските акти, придонесоа да се добијат соодветно обучени и искусни преведувачи, кои ќе ја извршуваат својата работа на најпрофесионален и одговорен начин.

Министерот Bexheti  на судските преведувачи им  честита за успешно положената проверка на знаењето на јазиците и им посака уште поголеми успеси во понатамошна соработка на овој план.

,, Ви посакувам успех , рече Bexheti и се надевам дека вашата должност како постојани судски преведувачи во судовите на Република Македонија ќе ја вршите совесно, одговорно и уредно, согласно законот,,

Во изминатиот период од септември 2008 година до сега успешно беа спроведени 13 сесии и испитот го положија 1.589 судски преведувачи за 24 странски јазици и јазиците на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk