Состанок Blerim Bexheti – Александра Кас Грање, директор на Генералниот Директорат на Европската Комисија за проширување  
     
 

12.06.2014

 
 

Министерот за правда  Blerim Bexheti денеска оствари средба со Александра Кас Грање, директор на генералниот директорат на ЕК за проширување. На состанокот беа присутни и Илија Ристовски, државен секретар на Министерството за правда,  преставници од Делегацијата на ЕУ, Секретаријатот за европски прашања/НИПАК и НАО.

На состанокот се разговараше за активностите во врска со новиот Инструмент за претпристапна помош на Европската унија за периодот 2014- 2020 (ИПА 2) како и за програмирањето на ИПА 2014.

Од страна на  Александра Кас Грање, директор на Генералниот Директорат на Европската Комисија за проширување, беше истакнато дека Секторот Правда ќе биде опфатен во рамки на Програмирањето на ИПА 2014 година  и потребно е да се приоритизираат идните области кои треба да се зајакнат и подобрат во рамки на правосудството преку ИПА 2.

Министерот за правда  исткана дека со оглед дека новата финансиска помош на ЕУ преку ИПА 2 е постратешка,  Министерство за правда во соработка со сите правосудни институции кои се клучни актери и двигатели во креирање и спроведување на реформите во секторот Правосудство во преку бројни консултативни,  работни состаноци интензивно работеше на подготовка и ефикасно планирање на идните приоритети и потреби опфатени во Секторот Владеење на правото и фундаментални права.

Натаму, беше истакнато дека со подршка на Проект на ЕК експертите во соработка со Министерството за правда и релевантите правосудни институции во текот на декември 2013- мај 2014 година, одржаа бројни работни состаноци со цел да се подготви сеопфатна анализа на моменталната состојба во рамки на правосудниот систем (од аспект на законодавна, институционална и практична имплементација) како и да се утврдат потребите и приоритетите и идентификуваат идните проектни идеи за спроведување на неопходните реформи во секторот правда, со дефинирање на активности.

Министерот за правда  Blerim Bexheti и Александра Кас Грање, директор на ГД на ЕК за проширување, изразија  взаемна волја дека соработката во областа на правосудството ќе продолжи во континуитет.

 

 

 

 

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk