Средба на министерот D-r Adnan Jashari со амбасадорот на САД во Република Македонија Paul D. Wolhers  
     
 

01.07.2014

 
 

Министерот за правда D-r Adnan Jashari, денес го пречека амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, г-дин Paul D. Wolhers.

На средбата американскиот амбасадор му упати честитки на министерот за правда, Adnan Jashari по повод неговото назначување на ова функција. Амбасадорот Wolhers исто така ја изрази подготвеноста на САД за давање помош и совети од областа на правосудството.

Министерот Jashari, му се заблагодари на амбасадорот за упатените честитки, како и за поддршката која Соединетите Американски Држави и ја даваат на Република Македонија, со посебен акцент на правосудството. Министерот се заблагодари и на досегашната искажана поддршка на САД од оваа област.

Во текот на разговорот министерот ги презентираше и приоритетите на неговата работа и  ја истакна и неговата определба за продолжување со реформите во областа на правосудството, како и главните приоритети околу усогласувањето на нашето законодавство со законодавството на Европската унија.

На средбата амбасадорот Wolhers се интересираше и за состојбата на правосудниот систем во Република Македонија, при што од министерот Jashari  е запознаен со работите кои се во тек во правосудната област.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk