Средба на министерот D-r Adnan Jashari со амбасадорот на Република Словенија Бранко Раковец  
     
 

03.07.2014

 
 

Министерот за правда D-r. Adnan Jashari денеска се сретна со амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија Бранко Раковец.

На средбата министерот Jashari го запозна амбасадорот со тековните активности на министерството и со интензивната агенда на реформи во правосудството кои се во тек во Министерството за правда.

Амбасадорот Раковец  упати честитки до министерот Jashari со желби за успешна работа која ќе допринесе за натамошно унапредување на  соработката од заемен интерес на двете држави.

Министерот Jashari изрази благодарност за досегашната безрезервна поддршка на Република Словенија во европските и евроатланските интеграциски процеси на Република Македонија, како и за севкупната соработка на билатерален план.

 

Министерот Jashari, изрази очекување дека соработката со Република Словенија и во иднина ќе бележи позитивен тренд, а добрососедските односи ќе се унапредуваат во интерес на стабилноста, просперитетот и европската иднина на Регионот.

Соговорниците ја истакнаа досегашната добра соработка како и интересот за интензивирање на соработката и реализација на заеднички проекти од интерес на граѓаните на двете држави кои се однесуваат на правосудната област.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk