Завршна презентација на проектот „Подготовка на ЕУ Секторска програма за поддршка на правда (2014 – 2020)“  
     
 

08.07.2014

 
 

Министерот за правда D-r Adnan Jashari денеска се обрати на Завршната презентација на проектот „Подготовка на ЕУ Секторска програма за поддршка на правда (2014 – 2020)“

Во своето излагање министерот D-r Adnan Jashari рече дека во декември 2013 започна имплементацијата на Проектот на Европската комисија “Подготовка на ЕУ Секторска програма за поддршка на правда (2014 – 2020)“ во рамки на ИПА II, кој имаше за цел да се оцени ефикасноста на правосудниот сектор и да се утврдат мерки за натамошно спроведување на реформите во секторот правда.

Во рамки на Проектот истакна Jashari беа предвидени следните цели:

- да се оцени ефикасноста на правосудниот сектор во земјата - корисничка, врз основа на EU Justice Scoreboard, CEPEJ и други меѓународни индикатори;

- да се дизајнира на среден рок ЕУ програма за поддршка на сектор правда која ќе се имплементира во рамките на ИПА II

Врз основа на оваа анализа рече Jashari експертите ги идентификува идните потреби и приоритетите на правосудните институции кои се однесуваат на:

  • Подобрување на независноста, одговорноста и компетентноста на судството и обвинителството

  • Подобрување на координација на реформите во секторот правда

  • Зајакнување на пристапот до правдата, преку Е-правда,

  • Консолидација на реформи во кривичниот систем 

  • Унапредување на управното и граѓанското право

  • Имплементација на Стратегијата за пробација и стратегијата за затворскиот систем.

Министерот Jashari ја потенцираше напорната работа и посветеност на сите кои учествуваа во активностите од овој проект, и им се заблагодари и на проектниот тим за успешната работа и истакна дека Министерството за правда заедно со сите правосудни институции, со исто темпо ќе продолжи со реализацијата на овие цели и активности за подобрување на независноста, ефикасноста и квалитетот на правосудството, засновано на европските стандарди и најдобри пракси воведувајќи ги сите предуслови за обезбедување и заштита на човековите права и доследно владеење на правото во Република Македонија

Министерот D-r Jashari изрази благодарност до Европската Комисија, за досегашната и идната поддршка во оваа област.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk