Состанок на Работната група за изготвување на Закон за изменување и дополнување на Законот за судовите и на Законот за Судскиот совет на Р. М.  
     
 

11.07.2014

 
 

На состанокот Министерот за правда D-r Adnan Jashari  ги информираше членовите на работната група за насоките за измената на двата наведени закони, за роковите во кои треба да бидат завршени овие активности, како и за очекуваните резултати од вградувањето на новините во Законот за Законот за судовите и Законот за Судскиот совет на Република Македонија, кои се содржани во меѓународните стандарди во оваа област.

Министерот Jashari се осврна и на Предлогот за пристапување кон измени на Уставот на Република Македонија. Во него значајно место рече тој  заземаат предложените измени во областа на правосудството, како што се менување на составот на Судскиот совет на Република Македонија, редефинирање на одредбите за одлучување по жалба на одлуките на Судскиот совет за утврдување на одговорност на судиите и воведување на институтот уставна жалба.

По усвојувањето на уставните амандмани ќе следи нивна операционализација во Законот за судовите и Законот за Судскиот совет на Република Македонија. Токму тоа е и задачата на оваа работна група нагласи министерот Jashari . Затоа, паралелно со процесот на усвојувањето на уставните амандмани започнат  е процесот за изготвување на измени и дополнување на Законот за судовите и Законот за Судскиот совет на Република Македонија.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk