Промоција на Регионалната датабаза на судската пракса на Европскиот суд за човекови права  
     
 

14.07.2014

 
 

        Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со AIRE Центарот од Лондон денеска  ја промовираа регионалната датабаза на судската пракса на Европскиот суд за човекови права релеватна за државите од Југоисточна Европа. 
         На промоцијата говореше министерот за правда D-r Adnan Jashari  кој  поздравувајќи го настанот истакна дека вредноста на датабазата на праксата на Европскиот суд за човекови права, која на едно место ја содржи праксата на овој меѓународен суд, изградена пред се на предмети против државите од регионот ,  е дотолку поголема што нејзиниот опсег ги надминува ваквите граници, имајќи предвид дека таа ги обединува и заедничките напори на државите од регионот и Советот на Европа во доближување на праксата на Европскиот суд до домашните читатели преку превод на домашните јазици на државите од регионот, на неговите пресуди донесени во предмети против други држави.
        Нејзината особена вредност рече министерот  Jashari е не само што овие текстови ги прави исклучително достапни, туку и лесно пребарливи. На тој начин рече тој таа преставува инструмент од непроценливо значење кое  се очекува да биде често употребувана алатка од страна на сите правни професионалци  како и од судиите во државата. 

       Министерот Jashari изрази  благодарност на Обединетото кралство, за  финансиската поддршка  на оваа  идеја која  се претвори во реалност. Како  и напорите на службите на Владините агенти и институциите за едукација на судиите и јавните обвинители од сите држави опфатени со проектот, на АIRE Центарот од Лондон – имплементирачкиот партнер, за нивниот напор и заложба за унапредување на човековите права.
        Искрено се надевам, рече Jashari дека оваа датабаза на чија понатамошна надоградба, остануваме целосно посветени, ќе придонесе кон изградба на повисоки стандарди во почитувањето на човековите права во државата, со што Република Македонија уште еднаш ќе ја покаже својата цврста определба да чекори на патот кон Европската унија.  

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk