Средба на министерот Jashаri и амбасадорот на Република Албанија во Македонија, г. Петрит Бушати  
     
 

22.07.2014

 
 

Министерот за правда d-r Adnan Jashаri денеска оствари средба со амбасадорот на Република Албанија, г. Петрит Бушати.

Во ова прва средба, министерот Jashаri го извести амбасадорот Бушати за активностите кои се во надлежност на Министерството за правда во однос на реформите на правосудството како и залагањето на овој ресор во врска со реформите кои треба да се превземаат за зачленувањето на Република Македонија во Европската Унија.

Како што изјави амбасадорот Бушати, Министерството за правда на Република Албанија има изразено интерес за спроведување на активностите во однос на разменувањето на практичните искуства од областа на правосудството, посебно од областа на меѓународната правна помош, во кривичните и граѓанските предмети, како и разменување на заедничкото искуство.

Република Албанија како докажан пријател на Република Македонија, и понатаму ќе продолжи да ја поддржува и да и нуди безрезервна помош, истакна амбасадорот Бушати.

Министерот Jashаri рече дека, Министерството за правда е секогаш отворена за секаква соработка и истовремено се заблагодари за понудената поддршка и соработка од страна на Република Албанија.

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk