Средба на министерот Jashari со амбасадорот на Република Хрватска, г. Златко Крамарич  
     
 

24.07.2014

 
 

Министерот за правда d-r Adnan Jashariсе сретна со амбасадорот на Хрватска, г. Златко Крамарич.

Тема на разговорот беше успешната досегашна соработка меѓу двете земји, каде посебен акцент беше ставен врз судството, како и врз начинот на понатамошната соработка.

Министерот Jashari го информираше амбасадорот Крамарич за постапките кои се во тек, како и за реформските активности кои се превземаат во однос на обезбедувањето на ефикасноста и независноста на судскиот систем. 

Aмбасадорот Крамарич му ја честита новата функција на министерот Jashari како министер за правда, и изјави дека е спремен за продлабочување на досегашната соработка. Тој исто така истакна дека, измените и реформите кои се прават во областа на правосудството, се суштински и многу битни за процесот на Евро интеграцијата.

Министерот Jashari се заблагодари за соработката и пријателските односи меѓу двете земји, и истакна дека, како член на Владата на Република Македонија, спремен е да продолжи и понатаму со меѓусебната соработка меѓу Република Македонија и Република Хрватска.

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk